Линкови за пристапност

Десет дена протести во Порторико за смена на гувернерот


Организаторите очекуваат дека речиси милион луѓе, или околу една третина од населението на островот, ќе учествува на демонстрациите

Илјадници демонстранти излегоа на најголемиот автопат во Порторико, барајќи оставка од гувернерот Рикардо Росељо.

Денес е десети ден откако почнаа протестите на островот, предизвикани од објавувањето на стотици страници разговори меѓу гувернерот и неговите соработници, при кои тој користи навредливи зборови за жени и други познати личности.

Организаторите очекуваат дека речиси милион луѓе, или околу една третина од населението на островот, ќе учествува на протестите.

Протестите почнаа ден откако Росељо најави дека ќе се повлече од лидерската позиција на партијата и оти нема да бара реизбор во 2020-та. Сепак, тој одлучи да не даде оставка.

„Направив грешки и се извинив за тоа“, кажа тој во видео што го објави на неговата Фејсбук страница.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG