Линкови за пристапност

Судска пресуда за продолжување на помошта за жртви на ураганот Марија


Според федерален судија, околу 1,700 Порториканци ќе имаат дополнителни ваучери за хотелско сместување

Американски федерален судија нареди надлежните органи да ги продолжат ваучерите за хотели за околу 1,700 Порториканци, чии домови минатата година беа уништени од ураганот Марија.

Рокот на ваучерите требаше да истече во неделата.

Според судијата Лио Сорокин, ваучерите ќе бидат валидни барем до среда и можно е да се одржи дополнително сослушување, за да се утврди дали ќе има уште едно продолжување.

Сорокин воедно истакна дека Федералната агенција за управување со вонредни ситуации (ФЕМА), не успеала да обезбеди соодветна помош за жртвите на ураганот во Порторико.

Пресудата е одговор на тужбата против ФЕМА поднесена од група Порториканци, во која се вели дека Агенцијата ја прекинала транзиционата помош за обезбедување засолниште (TSA), без да има долгорочен план за натамошно сместување на евакуираните лица. Во тужбата се наведува и дека за многумина кои избегале од Порторико заради невремето, враќањето дома не е опција.

Ураганот Марија на Порторико му го нанесе огромна материјална штета, уништувајќи стотици илјади домови и згради и предизвикувајќи штета од преку 100 милијарди долари. Територијата сé уште се бори да закрепне.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG