Линкови за пристапност

Околу 3.000 лица загинале при ураганот Марија во Порторико


Бројот на жртви е за 46 пати повисок од оној што беше претходно објавен од надлежните минатата година

Речиси 3.000 лица загинаа во Порторико после ураганот Марија, која го погоди островот во септември минатата година.

Во последната независна студија стои дека бројот на жртви е за 46 пати повисок, од оној што беше претходно објавен од Владата на Порторико во декември, кога официјалните лица изјавија дека само 64 лица загинале.

Гувернерот Рикардо Росело потврди дека направил грешки во справувањето со кризата, додавајќи дека токму поради тоа направена е Специјална комисија за справување со урагани и регистар на луѓе, кои би можеле да станат ранлива категорија при следниот ураган.

Електричната енергија се`уште не е целосно обновена на целиот остров, речиси една година по ураганот, додека честите прекини на струја остануваат вообичаени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG