Линкови за пристапност

Корпусот воени инженери се враќа од Порторико


Одговорноста за одржување на електричната мрежа се враќа на тамошното банкротирано Електростопанство

Kорпусот на воени инженери денес се повлекува од Порторико, завршувајќи со обновување на електричната мрежа на американската територија, и ја врати одговорноста за одржување на мрежата на тамошното банкротирано Електростопанство.

Повеќе од 16.000 луѓе останаа без струја осум месеци по ураганот Марија.

„Не е практика да ја напуштиме мисијата се` додека не е целосно завршена, но, сепак ги следиме наредбите“, изјави директорот на Kорпусот на воени инженери Чарлс Александар, на сведочењето пред Сенатската комисија за енергија и природни ресурси.

Корпусот работи по наредба на Федералната агенција за справување со вонредни состојби.

Владата на САД остави повеќе од 700 генератори на стратешки локации околу островот, и најмалку два мегагенератори, со цел да помогнат во стабилизирање на мрежата

Асошиетед прес објави дека најголемиот дел од жителите, кои останале без електрична енергија живееле во градот Јабукоа, првото место што беше погодено од ураганот Марија на 20-ти септември.

Сезоната на урагани во Порторико започнува за две недели.

Порторико се наоѓа 1.600 километри југоисточно од копното на САД, а нејзините жители се американски државјани.

Претседателот на САД Доналд Трамп, минатата година го посети островот, за да ги процени штетите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG