Линкови за пристапност

Бројот на жртви од ураганот во Порторико поголем од првичните прогнози


Бурата предизвика повеќе од илјада смртни случаи кога дождот и ветровите со брзина од 248 километри на час ги опустошија Карибите на 20-ти септември.

Гувернерот на американската островска територија Порторико во понеделникот нареди пребројување на бројот на жртвите од ураганот Марија, пред речиси три месеци, сигнализирајќи дека бројот би можел да биде значително повисок од првичниот, а тоа се 64 лица.

Гувернерот Рикардо Росело повика на преиспитување откако извештаите во последниве неколку дена од страна на „Њујорк тајмс“ и Центарот за истражувачко новинарство на Порторико заклучија дека бурата предизвика повеќе од илјада смртни случаи кога интензивниот дожд и ветровите со брзина од 248 километри на час ги опустошија Карибите на 20-ти септември.

Росело претходно се спротивстави на повиците за пребројување на жртвите, но во соопштението се вели: „Ова е повеќе од броеви, тоа се човечки животи: вистински луѓе, оставајќи ги зад себе најблиските и семејствата.“

„Ние секогаш очекувавме дека бројот на жртви после вакви урагани ќе се зголемува како што добивме се` повеќе информации“, вели гувернерот. Тој додаде дека „треба да се земе предвид влијанието на овие бури и да се идентификуваат начини на кои можеме да ги спречиме жртвите пред идните катастрофи“.

Новите загуби на животи можат да бидат причина за смртта од „природни случаи“ што се појавија по невремето, но најверојатно беа поврзани со уништувањето на електричната енергија на островот и другите комунални услуги, што значително влијаеше на напорите за спасување и здравствената заштита во деновите и неделите кои следеа по невремето.

Реставрацијата на електричната енергија за 3,4 милиони луѓе кои живеат во Порторико се одвива бавно, и повеќе од една третина на островот се без струја.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG