Линкови за пристапност

Првите луѓе на Тетово, Прилеп и Куманово за владините мерки


Првите луѓе на Тетово, Прилеп и Куманово за владините мерки
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:59 0:00

Првите луѓе на Тетово, Прилеп и Куманово за владините мерки

Градоначалниците на дел од македонските општини со различни ставови за владините мерки. Некои сметаат дека она што се прави е доволно, а некои дека треба многу повеќе. Нивните ставови секако зависат и од состојбата во нивните градови. Јавува Мики Трајковски.

Куманово и натаму е на врвот на листата во земјава по бројот на заболени од Ковид-19.

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски останува на ставот дека најдоброто решение за неговиот град во борбата против ширењето на пандемијата е воведување на 14 дневна изолација по примерот на Дебар.

Според процените на штабот, ширењето нема да сопре.
Максим Димитриевски, Градоначалник на Куманово


Но наместо тоа, Владата донесе одлука, за забрана за движење на жителите на Куманово но и Тетово и Прилеп, без носење на соодветна заштитна опрема надвор од своите домови, на јавни места и површини од отворен и затворен тип, како маркетите и продавници.

„Ние сме таква општина која се наоѓа на два најбитни коридори во државата, каде многу лица излегуваат и влегуваат во општината и на тој начин по проценки на штабот ќе се намалеа ризиците на ширење на вирусот. Според процените на штабот, ширењето нема да сопре. Уште во моментот кога имавме три позитивни лица на тестот од Ковид-19,во континуитет ги повторуваме тие барања. Останува на повисоките државни инстанци, во овој случај, Владата, кризниот штаб, да носи одлуки“ вели Максим Димитриевски, Градоначалник на Куманово.

Инаку Димитриевски во моментот е во домашна изолација, затоа што е позитивен на корона вирус.

„Јас се борам со вирусот во моментот, заедно со моето семејство. Очекуваме резултати на членовите од семејството. Но тоа не ме обесхрабрува да продолжам во борбата за мојот град и за моите граѓани, а и воедно да ја споделам судбината на моите сограѓани кои се позитивни на тестот и да им посакам на сите побрзо закрепнување, бидејќи само заедно ќе излеземе од ова заедничко зло и доколку бидеме дисциплинирани“ вели Димитриевски.

Меѓу регионите каде има најголем број на заразени во земјава досега се Полошкиот регион и Прилеп.

Примерот на Дебар беше многу успешен, но треба да се има предвид дека се работи за мало место.
Теута Арифи, Градоначалничка на Тетово


Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи вели дека доколку има тенденција на значителен пораст, тогаш од Владата ќе побараат поригорозни мерки. Во меѓувреме донесена е одлука за прекин на организираниот превоз на патници во и од Тетово и сите околни општини.

„Примерот на Дебар беше многу успешен пример, но треба да се има предвид дека се работи за едно населено место кое е многу мало и кое лесно можете да го затворите и да го контролирате. Затоа ние ќе останеме фокусирани да видиме каде се појавуваат случаите и по тоа доколку во посебни локации имаме такви појави, тогаш ќе побараме такви мерки“ изјави Теута Арифи, Градоначалничка на Тетово.

Таа вели дека е многу важно граѓаните да соработуваат со институциите и да ги кажуваат точните податоци.

„Секој еден случај, кој се појавува или излегува позитивен на тестирање, коректно е на епидемиолозите да ги даде и да ги пријави контактите. Тоа е единствениот начин за да состојбата биде локализирана“ додаде Арифи.

Мерките кои досега ги донесе државата се доволни.
Илија Јованоски, Градоначалник на Прилеп


И Прилеп е на врвот на листата по бројот на заболени. Но, прилепскиот градоначалник вели дека сите мерки кои ги донела државата досега биле доволни.

„Секојдневно се справуваме со сите оние потребни работи кои ни се случуваат во нашиот град, како со ново заболените случаи, реакцијата и лекувањето нивно како и со сите мерки кои треба да се преземат за да се заштитат граѓаните“ изјави Илија Јованоски, Градоначалник на Прилеп.

Властите во земјава најавуваaт олабавување на мерките и рестрикциите после први мај.

XS
SM
MD
LG