Линкови за пристапност

Се разгоруваат протести ширум Блискиот Исток


Се разгоруваат протести ширум Блискиот Исток
Се разгоруваат протести ширум Блискиот Исток

Немирно во Бахреин, Јемен, Јордан, Иран и Либија.

Во арапскиот свет продолжуваат противвладините протести. Илјадници демонстранти бараат промени во неколку земји од Блискиот Исток и Северна Африка.

Во Бахреин, силите за безбедност отвориле оган врз лица кои, заминувајќи од погребот на демонстранти, се обиделе да се вратат на плоштадот во главниот град Манама, пркосејќи на владината забрана за протести. Сведоци наведуваат дека има голем број на повредени. Виш шиитски свештеник во земјата ја нарече полициската акција - масакар.

Во Јемен, најмалку едно лице загинало а осум се повредени откако напаѓач од автомобил фрлил граната кон противвладини демонстранти во градот Таиз во северозападниот дел на земјата. Демонстрантите учествувале на собир во рамки на протестот „Ден на гневот“ организиран ширум земјата. Некои сведоци ја обвинуват владата за нападот.

Во Јордан, протестите станале насилни кога владините поддржувачи се судриле со демонстрантите кои бараат политички реформи. Има извештаи дека најмалку осум лица биле повредени кога владините поддржувачи ги нападнале демонстрантите со палки.

Во Иран, пак, илјадници владини симпатизери повикаа на погубување на опозиционите водачи Мир Хусеин Мусави и Мехди Каруби за време на утрешните молитви во Техеран. Опозиционите Интернет-страници, пак, најавија собири ширум земјата во недела за поддршка на Мусави и Каруби и во знак на сеќавање на двете лица кои загинаа понеделникот за време на антивладините протести.

Хјуман рајтс воч тврди дека во Либија силите за безбедност убиле 24 демонстранти за време на противвладиниот собир. Повикувајќи се на сведоци, Воч наведува дека полицијата отворила оган во обид да го задуши „Денот на протести“.

Во Египет, пак, десетици илјади лица се собрале на плоштадот Тахрир во Каиро, да означат една недела од симнувањето на претседателот Хосни Мубарак од власта.

XS
SM
MD
LG