ВАШИНГТОН —
Демонстранти ги урнаа статуите на поранешните претседатели Теодор Рузвелт и Абрахам Линколн во Портналд, Орегон, објави Асошиетед прес.
Ваквиот потег уследи како реакција на федералниот празник, кој во понеделникот се славеше во чест на италијанскиот истражувач Кристофер Колумбо.
Полицијата соопшти дека биле искршени и прозорци на неколку згради. Тројца лица биле уапсени.
Покрај Колумбо, историчарите велат дека и двајцата претседатели изразиле гнев и расизам кон Домородните Американци.
Facebook Forum