Десетици луѓе беа повредени во судир со германската полиција, за време на протестите во Хамбург, каде се одржува самитот Г-20.
Илјадници луѓе учествуваат во протестите против денешниот Самит, кој ќе трае до утре.
При средбата на претседателот Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел, илјадници протестанти се собраа на историскиот рибен пазар во Хамбург, каде се содрија со полицијата, некои од нив фрлајќи шишиња.
Полицијата одговори со водени топови и солзавци.
Речиси 75 полицајци се повредени, од кои тројца завршиле во болница.
Медицински лица исто така им пружаат помош на протестантите.
Facebook Forum