Линкови за пристапност

Макрон разгледува начини за смирување на протестите


Незадоволствата од покачување на даноците на горивата и лидерството на францускиот претседател траат веќе трета недела

Речиси 100 лица, меѓу кои 16 полицајци беа повредени, а повеќе од 200 беа уапсени за време на протестите кои се одржаа во саботата во Париз, соопштија властите.

Веќе трета недела по ред, демонстрантите се собираат во централниот дел на францускиот главен град за да искажат незадоволство од официјалната владина политика, посебно заради воведувањето на повисок данок за горивата.

Судирите со полицијата започнаа рано во саботата во близина на Триумфалната порта и продолжија во текот на ноќта.

Во саботата говорејќи на прес конференција на самитот на Г-20 во Аргентина, францускиот претседател Емануел Макрон рече дека демонстрантите се обидуваат да создадат хаос:

„Ништо не може да ги оправда нападите врз безбедносните сили, вандализмот врз продавниците, палењето на приватните и јавните згради, загрозувањето на пешаците и новинарите или валкањето на Триумфалната порта. Тие сакаат хаос. Тие извршија предавство на каузата за која наводно се залагаат, да служат и да вработуваат.”

Макрон рече дека штом се врати дома ќе свика министерски состанок за да дискутира како најдобро да одговори на протестите

Демонстрантите направија блокади на улиците кршеа прозорци и фрлаа камења врз полицијата, која одговори со солзавец и водени топови. За споредба, другите демонстрации кои се одржаа ширум Франција во голема мера беа мирни.

До сабота попладне, полицијата соопшти дека во Париз најмалку 224 лица биле уапсени 80 лица беа повредени, вклучувајќи ја и полицијата за немири, велат властите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG