Линкови за пристапност

Судир меѓу полицијата и демонстрантите во Франција


19 дена протести во државата против најавените пензиски реформи на францускиот претседател

Полицијата и демонстрантите во Франција се судрија денес, по 19 дена протести низ целата држава.

Протестантите реагираат на плановите на претседателот Емануел Макрон да го реформира пензискиот систем, што ќе доведе до елиминација на специјални пензии за многу јавни службеници, како и до зголемување на целосната пензија до 64 години.

Протестите го блокираа транспортот во Франција за време на божиќната сезона.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG