Линкови за пристапност

Судири на протестанти со полицијата


Судири на протестанти со полицијата
Судири на протестанти со полицијата

Полицијата во Окланд уапси 200 анти-Вол стрит протестанти, а во Вашингтон има налог за расчистување.

Полицијата во Окланд, Калифорнија, уапси околу 200 анти-Вол стрит протестанти кои се обиделе да окупираат празна зграда.

Судирите започнале во саботата кога активисти го запалиле американското знаме пред Градското собрание, пред да упаднат во историска зграда и да ја оштетат изложбата внатре. Протестантите подоцна влегле во празниот центар за конвенции што сакале да го претворат во социјален центар и ја урнале оградата.

Полицијата вели дека протестантите фрлале камења, шишиња и други предмети на полицијата која одговорила со солзавец пластична муниција. Официјални лица велат дека тројца полицајци и еден протестант биле повредени.

На прес конференција во саботата градоначалничката Џин Кван ги повика протестантите да престанат да го користат Окланд како игралиште. Таа ја фрли вината за уништувањето на насилничка под-група во рамки на демонстрациите „Окупирајте го Окланд“.

Околу илјада лица присуствувале на саботниот марш.

Националното движење „Окупирајте го Вол стрит“ започна во Њујорк во септември. Тоа вели дека претставува „99 проценти“ на оние кои се надвор од врвните еден процент на богати.

XS
SM
MD
LG