Линкови за пристапност

Вашингтонските демонстранти се подготвуваат да го преземат Капитолот


Вашингтонските демонстранти се подготвуваат да го преземат Капитолот
Вашингтонските демонстранти се подготвуваат да го преземат Капитолот

Протестанти и активисти од САД продолжуваат да се собираат на вашингтонското Национално шеталиште веќе неколку дена за планирани протести чија цел се Конгресот и неговите лидери на Капитол хил.

За протестите познати како „Преземете го назад Капитол“ организаторите планираа собири кои започнуваат во вторник за да продолжат најмалку уште три дена.

Организаторите очекуваат илјадници протестанти да дојдат во Вашингтон за оваа рунда на демонстрации.

Музичарот Џексон Брауни се приклучи на вашингтонскиот собир во понеделникот кои пееше како поддршка за протестантите кои се собираа.

Вашингтонската полиција уапси 31 анти-Вол стрит протестант во неделата откако властите презедоа акција за отстранување на дрвената структура што протестантите ја кренаа без дозвола.

Кампови на Окупирајте го Вол стрит низ целата земја беа затворени од властите изминативе недели. Во северозападниот град Портланд, Орегон, полицијата го затвори паркот во централното градско подрачје во саботата навечер, апсејќи протестанти на движењето кои одбија доброволно да заминат.

Движењето Окупирајте го Вол стрит започна пред околу три месеци.

XS
SM
MD
LG