Линкови за пристапност

Демонстранти од Окланд повикуваат на генерален штрајк


Демонстранти од Окланд повикуваат на генерален штрајк
Демонстранти од Окланд повикуваат на генерален штрајк

Градот дојде во национален фокус минатата недела кога полицијата се обиде да ги растера демонстрантите

Демонстранти поврзани со „Окупирајте го Вол Стрит“ се очекува да маршираат низ улиците на Окланд, Калифорнија, во среда, повикувајќи на генерален штрајк за затворање на целата трговија.

Демонстрантите ги повикуваат луѓето да останат дома или да излезат од работа или училишта во среда за да им се приклучат на улиците во центарот на Окланд. Тие се очекува да маршираат до пристаништето на градот, главната влезна точка за странски увоз во САД.

Не е јасно колку луѓе ќе учествуваат во штрајкот.

Окланд дојде во национален фокус минатата недела кога полицијата започна со расчистување на десетици протестанти од плоштадот пред градското собрание. Изби насилство и еден протестант, ветеран од Ирак, беше критично повреден.

Протестантите велат дека се надеваат движењето да трае до следните претседателски и конгресни избори во САД, во ноември 2012-та.

XS
SM
MD
LG