Музејот за аеронаутика и истражување на вселената во Вашингтон беше затворен кога голема група демонстранти се обиде да го пробие кордонот стражари и да влезе во зградата. Најмалку еден демонстрант е уапсен. Околу 100 до 200 лица се обиделе да влезат во музејот.
Некои од демонстрантите се поврзани со протестите „Окупирајте го ДЦ“ кои почнаа минатата недела во главниот град и се поддршка на идејата за протести кои почнаа во Њујорк минатиот месец.
Протестите „Окупирајте го Вол Стрит“ се проширија во неколку американски градови, а демонстрантите го креваат гласот против разни прашања, вклучувајќи ја алчноста на корпорациите и економската нееднаквост.