Линкови за пристапност

Египетските протести инспирираат други востанија


Египетските протести инспирираат други востанија
Египетските протести инспирираат други востанија

Во време кога анти-владините протести се претворија во насилство во Египет, имаше и други демонстрации во држави на арапскиот свет, кои повикуваат на крај на диктаторското владеење. Востанието предизвика некои аналитичари да предвидат паѓање на други лидери во регионот.

Низ Арапскиот свет луѓето излегуваат на улица да ја изразат фрустрацијата од нивните лидери.

Во Јемен, десетици илјади протстанти излегоа во главниот град Санаа во самонаречениот „Ден на лутина“. Тие извикуваа „Не за корупција, не за диктаторството“.

Гледајќи го немирот што се шири, претседателот Али Абдула Салех, кој е на власт од 1978, се обиде да ги смири протестантите ветувајќи дека ќе си оди кога ќе му заврши мандатот во 2013. Неговите поддржувачи организираа контра-демонстрации во Санаа.

Лутфи Шатара од јеменската новинска агенција Аден Прес вели дека анти-владините протести го земале примерот од Тунис. „Тоа што се случи во Тунис, на народот на Блискиот исток му даде самодоверба“, вели тој.

Тоа поттикна шпекулации за домино ефект во арапскиот свет.

Надим Шахади е аналитичар од Блискиот исток, кој работи за лондонската Чатам Хаус. Негова теорија е дека доминото почнало да паѓа уште во 2003, со соборувањето на Садам Хусеин, зашто значело демистифицирање на целиот модел на арапските диктаторски режими.

Шахади вели дека брзината со која се случуваат настаните, во Тунис и Египет, значи дека приодот на претседателот Обама за ангажирање со арапските диктатори и режими е застарен.

Лутфи Шатара исто така смета дека во Јемен, запад мора брзо да реагира.

„Ако не се земе Јемен сериозно, може да стане друга Сомалија или полошо, зашту тука е ал Каида, има политички разлики, племиња, оружје, невработеност – може да биде полошо од Каиро“, вели Шатара.

Имаше демонстрации во поддршка на египетските протестанти во Мароко и други арапски држави. Меѓу демонстрантите има чувство дека моментумот се гради.

Аналитичарите велат дека Египет е толку моќен играч во регионот што исходот може да има влијание на иднината на целиот арапски свет.

XS
SM
MD
LG