Линкови за пристапност

Протестно писмо за смртта на Навални во сандачето на руската амбасада во Скопје


Протестно писто во сандачето на руската амбасада и цвет оставен на влезот на објектот. Така денеска, во Скопје, симболично, преставници на граѓанскиот сектор, носејќи маици на кои пишува „Јас сум Навални“, го изразија револтот по смртта на рускиот опозиционер за време на отслужувањето на затворската казна. Писмото, прочитано на англиски јазик, беше и повик до граѓаните на Русија:

„Одговорноста за смртта на затвореник е кај државата. Итно ги повикуваме руските институции да дозволат независна истрага за причините за смртта на Алексеј Навални во затворската колонија во Сибир. Се приклучуваме на повиците за ослободување на сите политички затвореници во Русија. Да се стави крај на полициската бруталност и репресија птоив граѓаните. Запрете ја геноцидната војна против Украина, прекинете ја хибридната војна против демократскиот свет, изведете го Путин пред меѓународната правда за да се соочи со судот за неговите злосторства“, изјави Џабир Дерала од „Цивил“.

Вообичаено, руската амбасада реши да одмолчи на овој повик и да не реагира на писмото во нејзиното сандаче.

Протест пред руската амбасада во Скопје за смртта на Навални
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:08 0:00

За разлика од други земји, па и во соседството, каде се организраа поголеми протести пред тамошните руски амбасади, во земјава немаше граѓански собири, а денешниот настан во Скопје помина без поголемо медиумско внимание.

Смртта на Навални предизвика реакции на Вашингтон и на Брисел - таму денеска допатува и сопругата на Навални на средби со врвот на Унијата.

„Да му оддадеме почит на Навални и на неговото дело на министрите ќе им предложиме да ја преименуваме нашата награда `за човекови права во режими под санкции` во `награда Навални за човекови права во режими под санкции` за неговото име засекогаш да биде запишано во работата на ЕУ во одбраната на човекови права“, рече високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел.

„Ако решат да ме убијат тоа значи дека сме неверојатно силни“ - беше една од изјавите која Навални често ја повторуваше како доказ за неговиот пркос кон Владимир Путин и начинот со кој владее од Кремљ.

XS
SM
MD
LG