Линкови за пристапност

Протестниот марш на пакистанската опозиција доведе до смртоносни судири


Паравоените војници испукаа солзавец за да ги растераат приврзаниците на Пакистанската партија Техрик-е-Инсаф на затворениот поранешен премиер Имран Кан, за време на судирите во Исламабад, Пакистан, 26 ноември 2024 година.
Паравоените војници испукаа солзавец за да ги растераат приврзаниците на Пакистанската партија Техрик-е-Инсаф на затворениот поранешен премиер Имран Кан, за време на судирите во Исламабад, Пакистан, 26 ноември 2024 година.

Исламабад, Пакистан — Поддржувачите на затворениот поранешен премиер на Пакистан Имран Кан денеска ги пробија барикадите за да влезат во центарот на Исламабад и да одржат протест на кои едно од барањето е негово ослободување.

Полицијата пристапи кон гранатирање солзавец во обид да ги спречи демонстрантите, но неколку стотици успеаја да стигнат до централниот плоштад во пакистанската престолнина.

Властите соопштија дека судирите со демонстрантите резултирале со смрт на најмалку четворица полицајци и со повреди на многу други.

Пакистанската партија Техрик-е-Инсаф (ПТИ) на Кан соопшти дека нејзините поддржувачи не биле вклучени во нападите врз безбедносните сили. Наместо тоа, таа ја обвини полицијата дека испукала вистински куршуми кон демонстрантите и убила тројца од нив, додека многу други биле повредени.

Смртоносното насилство избувна кога илјадници приврзаници на ПТИ пристигнаа во Исламабад во текот на ноќта на планираните демонстрации за седење на познатиот јавен плоштад во градот, познат како Д-Чоук, додека не се решат нивните барања.

Поддржувачите на Пакистанската партија Техрик-е-Инсаф на затворениот поранешен премиер Имран Кан се движат кон плоштадот Д-Чок близу на протест на кој бараат ослободување на Кан, во Исламабад, 26 ноември 2024 година.
Поддржувачите на Пакистанската партија Техрик-е-Инсаф на затворениот поранешен премиер Имран Кан се движат кон плоштадот Д-Чок близу на протест на кој бараат ослободување на Кан, во Исламабад, 26 ноември 2024 година.

Али Амин Гандапур, главниот министер на северозападната провинција Хајбер Пахтунхва, управувана од партијата Кан, им се обрати на поддржувачите на ПТИ кратко по пристигнувањето до местото на протестот.

„Нема да се вратиме од Д-Чок додека Имран Кан не ни нареди. Да протестираме мирно...Ова е нашата земја“, рече Гандапур.

Извештаите и сведоците велат дека смртта на тројца припадници на органите на редот и на еден демонстрант се случиле кога полициско возило наводно се судрило со толпата активисти на ПТИ и безбедносните сили додека се повлекувале од големиот митинг бидејќи им снемало гранати солзавец.

Но, пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф и неговите владини безбедносни службеници го оспорија пријавеното уривање на возилото и ги обвинија демонстрантите за намерно гаѓање на безбедносните сили кои убиле тројца од нив, додека друг бил „критично“ повреден.

„Тоа не е мирен протест. Тоа е екстремизам“, велат од Кабинетот на Шариф.

Демонстрантите, исто така, нападнаа странски и локални медиумски новинари кои го покриваа собирот, при што најмналку еден од нив беше повреден.

ПТИ го започна протестниот марш во неделата како дел од својата кампања за барање ослободување на Кан, заедно со онаа на десетици партиски членови, наводно, држени без судење. Опозициската партија, исто така, побара оставка од Шариф и неговата коалициска влада, велејќи дека изборите во февруари кои ги доведоа на власт се наместени.

Во текот на изминатите неколку дена, пакистанските власти ги забарикадираа главните патишта во Исламабад, ги прекинаа услугите на мобилниот интернет, ги затворија училиштата и распоредија илјадници безбедносни сили. Тие, исто така, забранија јавни собири и ги блокираа автопатите што водат во градот во обид да го спречат или ограничат обемот на протестниот марш.

Поддржувачите на ПТИ на затворениот поранешен премиер Имран Кан извикуваа слогани држејќи опрема одземена од полицијата за време на нивниот марш кон Исламабад барајќи ослободување на Кан, во Хасан Абдал во провинцијата Пенџаб на 25 ноември, 2024 година.
Поддржувачите на ПТИ на затворениот поранешен премиер Имран Кан извикуваа слогани држејќи опрема одземена од полицијата за време на нивниот марш кон Исламабад барајќи ослободување на Кан, во Хасан Абдал во провинцијата Пенџаб на 25 ноември, 2024 година.

САД вчера ја потврдија својата поддршка за слободата на изразување и мирно собирање.

„Ги повикуваме демонстрантите да демонстрираат мирно и да се воздржат од насилство“, им рече на новинарите во Вашингтон портпаролот на Стејт департментот Метју Милер. „Во исто време, ги повикуваме пакистанските власти да ги почитуваат човековите права и основните слободи и да обезбедат почитување на законите и уставот на Пакистан додека работат на одржување на законот и редот“, додаде Милер.

Пакистанските телевизиски канали главно го игнорираа снимањето и фотографирањето на митингот на опозицијата поради долготрајната забрана на владата да ги емитува изјавите и сликите на Кан, па дури и да го спомене неговото име во нивните преноси. Сопругата на Кан, Бушра Биби, поранешната прва дама, на протестот рече дека нема да го напушти Исламабад додека не се исполнат сите нивни барања.

Мушахид Хусеин, поранешен сенатор на партијата Шариф и шеф на независниот институт на Пакистан Кина, со седиште во Исламабад, ја критикуваше владата за преземање мерки против поддржувачите на ПТИ.

„Уште еднаш: повторување на грешките од минатото! Режимска глупост и ригидност, засилени со монументална неспособност“, предупреди Хусаин во објава на неговата платформа за социјални медиуми „X“. „Рецепт за катастрофа! Научете од Бангладеш: Волјата на народот не може да се уништи со брутална сила!“ напиша тој.

Кан, премиер од 2018 до 2022 година, беше сменет со гласање за недоверба на опозицискиот парламент, откако се спротивстави со моќната пакистанска војска.

72-годишниот Кан е затворен од август 2023 година, соочен со повеќе од 150 кривични случаи, кои вклучуваат обвиненија за корупција, тероризам и поттикнување насилство врз воените имоти.

Кан ги негира обвиненијата, нарекувајќи ги политички мотивирани и оркестрирани од војската - обвинувањата што неговиот наследник и армиските службеници ги отфрлаат како неосновани.

Владата на Шариф тврди дека нема никаква врска со правните предизвици на Кан и дека само судовите можат да наредат негово ослободување.

ПТИ тврди дека сите пресуди се или поништени или суспендирани од апелационите судови поради недостиг на докази, но властите продолжуваат со нови обвиненија. Работната група на Обединетите нации за произволно притворање неодамна повика на итно ослободување на Кан, велејќи дека тој е незаконски притворен и го прекршува меѓународното право.

Војската изврши неколку преврати и управуваше со Пакистан повеќе од три децении од неговата независност во 1947 година. Кан и други истакнати пакистански политичари велат дека армиските генерали влијаат на избраните влади дури и кога не се формално на власт.

XS
SM
MD
LG