Линкови за пристапност

Протестна нота поради отсуство на македонското знаме во Бугарија


Христијан Мицкоски
Христијан Мицкоски

Само една седмица откако ги предаде копиите од акредитивните писма, бугарскиот амбасадор денеска повторно беше во Министерствто за надворешни работи. Овојпат за тој да прими протестна дипломатска нота за петочната непријатна ситуација - отсуството на македонско знаме при ракувањето меѓу претседателите на Бугарија и на Северна Македонија во Софија.

На Жељазко Радуков му е врачена нота за, како што го нарекуваат во македонското МНР, пропуст на официјалниот бугарски протокол, кој и покрај претходниот договор меѓу двете страни, дозволил фотографирање и при ракувањето меѓу Гордана Сиљановска-Давкова и Румне Радев пред само бугарското знаме. Утврдено било дека фотографии ќе има само од средбата во работните простории на бугарскиот претседател, нешто што, според МНР, не било испочитувано.

Протесна нота за бугарскиот амбасадор
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:06 0:00

Зошто не се реагирало веднаш, во петокот, кога беше средбата, туку денеска, по бурната реакција на јавоста. „Сакавме да покажеме обзир за ситуацијата зашто неколку часа пред состанокот се урна бугарски воен авион при што загинаа двајцата пилоти“, велат од македонската дипломатија. Она што сега МНР го очекува е извинување од Софија.

Премиерот смета дека чинот не е само обичен пропуст.

„Во минатото се понижуваше македонското достоинство, се виткаше кичма, сега се решаваат работите на ваков начин-дипломатски, со праќање протестна нота и ќе нема надворешна политика со свиткана кичма. Кога ќе се помине црвената линија треба да се реагира. Но, она што е поважно е што Европа и светот можеа, на отворена сцена, да видат кои се намерите на водството во Софија – а тоа не се Бугарите во уставот, тоа е најмалиот проблем. Многу поголема е потребата е да покажат мускули и своите вистински намери“, рече Мицкоски.

„Срамно е ова однесување на Мицкоски, го правда скандалот во Бугарија со смешни изјави потценувајќи ја интелигенцијата на граѓаните. Па уште и ги навредува граѓаните. Мицкоски нема образ, па тој ли ќе зборува за свиткана кичма, дозволи Бугарија под да избирше со Македонија и да ни приреди национален срам среде Софија“, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Извори од МНР велат дека решавањето на севкупната ситуација со Бугарија и деблокадата на евроинтегарциите се приоритет, но дека ова раководство не смета дека треба да се продолжи под условите од 2022 година кои предвидуваат уставни измени за вклучување на Бугарите па отворање на преговарачките поглавја.

„Не мислиме дека треба да има измени во заклучоците на Советот на ЕУ за да се прифати позицијата на новата влада – уставни измени со одложено дејство“, велат високи претставници на МНР кои се сомневаат дека оваа ќе биде последната отстапка што се бара од земјава на нејзиниот пат кон ЕУ.

XS
SM
MD
LG