За женските права не се преговара, тоа е нашата црвена линија.. Тоа го порачаа десетици жени, девојки, мажи кои вечерва излегоа на протестен марш низ Скопје, по повод 8ми Март, Меѓународниот ден на жената.
Учесниците преку протестот изразија незадоволство за родовата нерамноправност која сè уште е присутна во македонското општество.
Беше дадена поддршка и за жените од Газа преку пароли и слогани со кои се бараше запирање на тамошните воени дејствија.
Facebook Forum