Линкови за пристапност

Протест во Скопје против руската инвазија врз Украина

Учесниците на протестот запалија портрет од рускиот претседател Владимир Путин, упатија пораки до Русија да се повлече од окупираните украински територии и побараа рускиот претседател да одговара за злосторства против човештвото

Русија е терористичка земја, беше главниот слоган на протестниот марш и собирот што пред руската амбасада го одржаа украински и македонски граѓани, а по повод две години од инвазијата врз Украина. Учесниците на протестот запалија портрет од рускиот претседател Владимир Путин, упатија пораки до Русија да се повлече од окупираните украински територии и побараа рускиот претседател да одговара за злосторства против човештвото.

Русија ја нападна Украина на 24 февруари, 2022 година. После две години, борбите се одвиваат на фронт со должина од околу 1200 километри, а бројот на загинатите цивили во Украина, според ОН, е повеќе од 10.000, од кои околу 600 убиени се деца.


Вчитај повеќе

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG