Линкови за пристапност

Протест со залепени усти: Судот да не одредува кој е новинар


Протестот го организираа ЗНМ и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници, како реакција на судската одлука во случајот на Кочо Анѓушев и „Брако“ против ИРЛ
Протестот го организираа ЗНМ и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници, како реакција на судската одлука во случајот на Кочо Анѓушев и „Брако“ против ИРЛ

Судот никако не може да кажува кој смее, а кој не смее да биде новинар. Јавноста и граѓаните се тие што одредуваат кој е новинар, вели првиот човек на Здружението на новинарите на Македонија, Младен Чадиковски, во изјава за Гласот на Америка, а по повод денешниот протест на новинарите

Судот никако не може да кажува кој смее, а кој не смее да биде новинар. Јавноста и граѓаните се тие што одредуваат кој е новинар, вели првиот човек на Здружението на новинарите на Македонија, Младен Чадиковски, во изјава за Гласот на Америка, а по повод денешниот протест на новинарите и медиумските работници пред Основниот граѓански суд во Скопје.

Протестот го организираа ЗНМ и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници, како реакција на судската одлука во случајот на Кочо Анѓушев и „Брако“ против ИРЛ. Во дел од пресудата стои дека новинарите од Истражувачката репортерска лабораторија не може да се претставуваат како новинари, ниту да се бават со истражувачко новинарство.

Јавноста и граѓаните се тие што одредуваат кој е новинар , кој работи во интерес на јавноста, кој работи во интерес на вистината
Младен Чадиковски, ЗНМ

Токму тој судски заклучок на судијката Јованка Спировска Панева, која го водеше судскиот спор, ја крена на нозе новинарската фела. Од најбројното новинарско здружение во земјава се категорични дека такви одредби се карактеристика на други, недемократски општества.

„Јавноста и граѓаните се тие што одредуваат кој е новинар , кој работи во интерес на јавноста, кој работи во интерес на вистината, кој работи во интерес на оние што се најзасегнати од тоа што се објавува, а тоа се граѓаните“, вели Чадиковски во кусиот разговор за Гласот на Америка.

Тој додава дека таквите судски пресуди не смеат да станат пракса и истата да остане само како еден преседан. Но, додава и дека Здружението ќе продолжи и преку правни механизми да го оспори судското решение.

Во однос на светските искуства за прашањето за регулација на медиумската дејност и професија, Чадиковски истакнува:

„Светската и европската пракса не покажува таков тип на регулација кој кажува кој може, а кој не може да биде новинар. Покажува кој може, а кој не може да биде медиум во односната држава. Но, не и кој може да биде новинар“, вели Чадиковски.

Новинарството е слободна професија, нелиценцирана, секаде во Европа и во светот, освен во оние сосема недемократски држави
Младен Чадиковски, ЗНМ

Првиот човек на ЗНМ ја нагласува и посебноста на новинарската дејност.

„Новинарството е слободна професија, нелиценцирана, секаде во Европа и во светот, освен во оние сосема недемократски држави. Токму поради тоа ние ќе се држиме до овој принцип, кој не може да навлезе во правото на говор и на слободно мислење“, вели Чадиковски.

На денешниот протест во Скопје новинарите и медиумските работници им дадоа поддршка на колегите од ИРЛ и воедно упатија пораки до судот за почитување на слободата на новинарската дејност, како и на слободата на говорот.

„Скандалозна одлука на судијката, скандалозна на судот, нешто што со години и години се повторува. Се повторува пресудата за 27 април, каде исто така судот оцени дека колегите што биле во Собранието не можеле да докажат дека се новинари. Дали судот учи нешто од историјата, од минатото“, праша новинарот Сеад Ризвановиќ.

Дел од судската пресуда за тужбата на Кочо Анѓушев и ДОО „Брако“ против Сашка Цветковска и ИРЛ
Дел од судската пресуда за тужбата на Кочо Анѓушев и ДОО „Брако“ против Сашка Цветковска и ИРЛ

Тој додаде дека новинарството е во служба на граѓаните.

„Ние зборуваме во име на граѓаните. Ние сме гласот на народот. Кога ние зборуваме, зборуваат граѓаните. Кога сакаат да нè забранат нас, ги забрануваат граѓаните“, посочи Ризвановиќ.

Залепени усти за право на говор: Протест на новинарите
Залепени усти за право на говор: Протест на новинарите

На присутните им се обрати и новинарот Горан Теменугов кој поосчи на улогата што ја имаат независните новинари.

– Проблемот е што некој сака да нѐ дефинира, да нѐ озакони кој може, а кој не може да биде новинар. Слободните новинари се сржта на истражувањето и новинарството каде што обработуваме теми кои се многу важни за јавноста и со кои ги штитиме граѓаните. Ние слободните новинари, „фриленсерите“ кои се финансираме странично, а не од реклами, сме точно на браникот на јавниот интерес на браникот на граѓаните“, посочи Теменугов.

На крајот од протестот пред судот беше оставена и позлатена плакета со признание „Цензор на годината“, посветена на судијката Спировска Панева.

XS
SM
MD
LG