Линкови за пристапност

Водени топови и солзавци на протестите во Хамбург


Полицијата рече дека очекува повеќе од 100.000 протестанти за време на утрешниот Самит Г-20

Полицијата фрли водени топови и солзавци кон протестантите, во близина на локацијата каде се среќаваат лидерите на групата Г- 20 во Хамбург, Германија.

Илјадници луѓе земаа учество во протестите, пред почеток на утрешниот Самитот Г-20.

Телевизиските извештаи ги покажаа блокирани улици и протестанти, како фрлаат камења, петарди и шишиња кон полицијата.

Полицајците, пак, беа покажани како користат водени топови, со цел да ги одвратат протестантите.

20.000 полициски службеници патролираат во германскиот град.

Полицијата рече дека очекува повеќе од 100.000 протестанти за време на Самитот утре, јави Асошиетед прес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG