Линкови за пристапност

Пропадна трета голема банка во САД


JPMorgan Chase & Co го презеде капиталот на пропаднатата First Republic банка.

РОЈТЕРС - Одделот за финансиска заштита и иновации во Калифорнија во понеделникот соопшти дека ја затворил First Republic Bank и се согласил да ги продаде своите средства на JPMorgan Chase & Co и Националната асоцијација, што е трета голема американска банка што пропаѓа во последните два месеци.

Банката JPMorgan беше една од неколкуте заинтересирани купувачи, вклучително и PNC Financial Services Group и Citizens Financial Group Inc, кои ги доставија конечните понуди во неделата на аукцијата што ја водеа американските регулатори, рекоа извори запознаени со ова прашање.

Договорот за First Republic која имаше вкупно средства во износ од 229.1 милијарди долари, доаѓа пред помалку од два месеци откако Silicon Valley Bank и Signature Bank пропаднаа поради повлекување на депозитите од страна на американските штедачи, кои ги натераа Федералните резерви да настапат со итни мерки за стабилизирање на пазарите. Овие пропаѓања се случуваат по крипто-фокусираниот Silvergate кој доброволно ликвидираше.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG