Линкови за пристапност

Пронајден кокаин во Белата куќа, тајната служба го истражува случајот


Кокаин откриен во Белата куќа во неделата е пронајден во дупка во влезниот дел каде што се наоѓа кабинетот на претседателот, каде посетителите оставаат електроника и други работи пред да одат на тури во Белата куќа, изјави денес извор запознаен со ова прашање.

Тајната служба го истражува случајот, соопшти Белата куќа.

„Тие ги проверуваат дневниците на посетителите и гледаат во камерите. Тоа се следните чекори. Вкрстени проверки“, рече изворот.

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер, им рече на новинарите:

„Онаму каде што ова беше откриено е дел каде што доаѓаат многу посетители“.

Запрашан дали некој бил подложен на тестирање за дрога како дел од истрагата, Жан-Пјер рече:

„Ќе преземеме каква било постапка што е соодветна и оправдана, во очекување на исходот на Тајната служба“.

Поседувањето на кокаин, според Законот за контролирани супстанции на САД, е прекршок во Вашингтон.

Во делот каде што е откриена дрогата се наоѓа Овална канцеларија, кабинет и работен простор за претседателскиот персонал.

Стотици луѓе поминуваат таму на редовна основа, вклучително и политички персонал, нивните гости и претставници на печатот.

Жан-Пјер рече дека тири во овој дел се одржале во петокот, саботата и неделата.

Супстанцата била пронајдена за време на рутинска контрола на Тајната служба во неделата навечер.

Портпаролот на Тајната служба не одговори на барањата за коментар во средата.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG