Северна Македонија од 18. декември, е дел од меѓународниот систем за рано предупредување на исчезнати деца, Амбер алерт, кој во земјава ќе биде познат како „Најди ме“. Иницијативата е на невладината организација „Новинари за човекови права“, која скоро три години работи на негова имплементација и јакнење на капацитетите на сите чинители кои се грижат на заштита и правата на децата. Македонскиот Амбер алерт е правен по теркот на австрискиот.
„На нашиот веб сајт најдиме.орг.мк ќе се споделуваат тие профили пред се на исчезнати деца, кои што потоа преку мрежата на соработници ќе се дистрибуираат во јавноста, се со цел побрзо да се прошири информацијата и секој кој има информација, да ја сподели со надлежните за што е можно побрзо враќање на исчезнатите дома“, изјави Александра Радевска од невладината организација „Новинари за човекови права“.
Најблиските на исчезнатото лице ќе можат да го пополнат профилот за него на веб страната најдиме.орг.мк. Откако ќе се утвтврди дека лицето ги исполнува сите услови да се води за исчезнато, неговиот профил ќе биде споделен со јавноста на социјалните мрежи, но и на други партнерски мрежи. Платформата ќе функционира на македонски, албански и ромски јазик.
„Информациите ќе се споделуваат преку дигиталните платформи на различни бизниси, како банките, кои ќе објавуваат на банкоматите. Такси превозниците ќе добиваат информација преку каналите на интерно комуницирање, може тоа да е преку смс порака. Здружението на хотелиери и ресторани ќе добиваат информација, која вработените ќе ја добиваат на својот работен пулт и со тоа ќе можат да препознаат доколку некое лице кое е пријавено за исчезнато и се појави во некој од објектите. Јавниот градски превоз ќе може да ја сподели информацијата на своите дигитални дисплеи во автобусите и на дигитални слајдови ќе се споделуваат информациите“, рече Радевска.
Системот дополнително ќе се развива, со вклучување и на други субјекти во истиот.
Во последната година поточно од 01.01.2023 заклучно со 13.12.2023 година вкупно пријавени за исчезнати се 69 лица.Четири од нив се деца. Поголем дел се веќе пронајдени или сами се вратиле, а потрагата трае по 22 лица, од кои 2 се деца.
„МВР постапува до пронаоѓање на исчезнатите лица, а причините за исчезнување најчесто се несогласување на родител/старател, деца од дисфункционално семејство итн.“, велат од Министерството за внатрешни работи.
Неговата потреба се актуелизира уште повеќе по случајот со исчезнувањето на 14 годишната Вања Ѓорчевска, која беше пронајдена убиена.
Инаку Амбер алерт системот, за прв пат почнал да функциоира во САД, во 1996 година.
„Искуствата покажуваат дека иако зависи од случај до случај, проценот на успешност со дистрибуирање, односно со широко алармирање на јавноста е висок. Од статистиките од 80-90 посто, алармите кои се објавени имаат успешност и пресудни се оние први 72 часа од исчезнувањето на детето“, изјави Александра Радевска од невладината организација „Новинари за човекови права“.
Целта е велат од Новинари за човекови права системот да биде институцуионализиран и неговото управување да го прземе државата, односно МВР, како што било случај и во некои други европски држави. бидејки велат тие знаат кога и како треба да се алармира јавноста.
Facebook Forum