Линкови за пристапност

Прогласување на епидемија на голема кашлица на територијата на Скопје бара Комисијата за заразни болести


Во моментов потврдени се 18 случаи а четиригодишно дете е хоспитализирано

СКОПЈЕ – Комисијата за заразни болести по денешниот состанок донесе одлука да му препорача на министерството за здравство да се прогласи епидемија на голема кашлица – пертусис на територијата на Град Скопје.

Оваа препорака доаѓа по речиси секојдневното регистрирање на нови случаи на заболени деца. Во моментов потврдени се 18 случаи а четиригодишно дете е хоспитализирано.

Претседателот на Комисијата, др Александар Петличковски соопшти дека до министерот за здравство ќе се препорача во градинките да се забрани прием и упис на деца кои не се вакцинирани или се делумно вакцинирани.

Петличковски апелираше до граѓаните да ги вакцинираат своите деца за да се спречи ширење на болеста.

„Тука треба да се фокусираме, да поправиме она што е промашено во изминатиот период. Затоа ќе ги повикуваме сите кои ја пропуштиле вакцинацијата предвидена со редовниот календар. Ќе предложиме да се организира работата на вакциналните пунктови во две смени и дополнително во сабота да се примаат деца за вакцинација“, рече тој.

XS
SM
MD
LG