Линкови за пристапност

Македонски претприемачи учат бизнис во колевката на претприемништвото - САД


Македонски претприемачи учат бизнис во колевката на претприемништвото - САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:51 0:00

Неуспехот во бизнисот не е пораз, тоа е лекција, вели Игор Изотов, кој е дел од македонската делегација која учествува на професионален конгрес за дообука во САД

Четворица Македонци со искуство во областа на претприемништвото и стартапите, своите вештини ги надоградуваат на професионален Конгрес кој во Вашингтон се одржува од 27 до 31 мај. Конгресот е фокусиран на градење меѓународни мрежи и промовирање и развој на лидерството. Претходно во Чикаго учесниците имаа можност непосредно да се запознаат со американската стратап сцена.

​„Беше многу корисно да се дојде тука на ваква дообука каде што се работи со вистински акцелератори и инкубатори и каде од прва рака може да се запознаат вештините кои ги применуваат американските компании“, вели Игор Изотов, иновациски и менаџмент консултант.

Со поддршка на американскиот Стејт департмент програмата ја реализира непрофитната организација World Chicago, со цел дообука на професионалци од различни области.

„Се фокусираме на Балканот. Работиме со Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска и Северна Македонија, а од на пролет 2020 и со Црна Гора. Македонските учесници стекнаа искуства во претприемнички организации во Чикаго.“, вели Ангела Мугал, програмски менаџер на World Chicago.

Повеќе од 270 учесници од 60 земји во светот овде научија вредни лекции за претприемништвото. Една од најважните е дека неуспехот во бизнисот не значи пораз. Напротив, потребен е повторен обид.

Изотов кој претходно се обучувал во Кина, Израел и Индија, вели дека од САД може да се научи многу.

„Претприемништвото во Америка постои 100 години. Најголемата разлика е во пристапот до финансиите. Тука ништо не е без пари. Големи корпорации инвестираат многу пари во стартап компании. Во Македонија и на Балканот сме на почеток. Тука ако еднаш не успееш ти се дозволува да продолжиш и да создаваш нови компании. Тоа, во Европа би рекол, не само во Македонија, е сива зона. Ние го имаме тој страв од неуспех“, вели тој.

Изотов порачува дека секој неуспех во бизнисот е само процес на учење, кој треба да доведе до успешен бизнис.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG