Линкови за пристапност

Професионално или партиско решение е новиот директор на АНБ?


Премиерот Христијан Мицкоски денеска застана зад неговото менување аргументирајќи дека Христовски не ја поминал селекцијата на АНБ со која од вчера раководи поради сопки од тогашни високи функционери во домашната разузнавачка заедница
Премиерот Христијан Мицкоски денеска застана зад неговото менување аргументирајќи дека Христовски не ја поминал селекцијата на АНБ со која од вчера раководи поради сопки од тогашни високи функционери во домашната разузнавачка заедница

Бојан Христовски „ин“, Зарко Милошевски „аут“ – премиерот „за“, опозицијата против ваквата смена во врвот на Агенцијата за национална безбедност.

Вчерашната владина одлука за разрешување на претходниот и именување на нов директор на клучната институција во делот на безбедноста на земјата дојде како изненадување поради неколку причини, но најмногу поради профилот на Христовски кој има партиски бекграунд за што меѓу другото денеска реагира опозицијата.

„Власта на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ спроведуваат опасна партизација на Агенцијата и на клучните безбедносни институции“, велат социјалдемократите.

„Нов директор на Агенцијата за национална безбедност е всушност претседателот на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е спротивно на Законот за АНБ кој јасно предвидува дека директорот на Агенцијата не смее да биде член на политичка партија или нејзин орган. Целта на овие законски одредби е да се избегне злоупотребата на безбедносните служби за партиски цели, како што тоа се случуваше во минатото. Со поставувањето на лице кое само до 2023 година беше претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија директно го прекршува член 10 од Законот за АНБ.Според него, дури и формално да се повлекол од партијата, фактот дека до неодамна извршувал висока партиска функција е јасен показател дека ова решение е чисто партиско, непрофесионално и спротивно на Законот и на меѓународните стандарди, особено оние на НАТО“, изјави Миле Талески од СДСМ.

Христовски во минатото бил дел од некогашната УБК, институцијата одговорна за масовното нелегално прислушување, но при нејзината трансформација во АНБ тој не го поминал процесот на ветинг.

Реакции за новиот директор на АНБ
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:41 0:00

Премиерот Христијан Мицкоски денеска застана зад неговото менување аргументирајќи дека Христовски не ја поминал селекцијата на АНБ со која од вчера раководи поради сопки од тогашни високи функционери во домашната разузнавачка заедница.

„Нормално, откако таа неправда што му беше нанесена на Бојан Христовски беше констатирана, бидејќи во прво време не му беше даден таков безбедносен сертификат, беше констатирана злоупотребата на дел од раководството, пред се на Агенцијата за разузнавање, затоа во периодот што следи јавноста ќе биде запознаена за многу работи, а богами и за АНБ, како се злоупотребувало за партиски и лични цели. Тогаш, откако тоа се констатираше, таа грешка се исправи, Бојан Христовски има безбедносен сертификат и апсолутно не гледам причина зошто човек што го поминува речиси својот цел работен век во безбедносниот сектор да не ја извршува успешно челната позиција во АНБ“, рече Мицкоски.

Вели дека претходните раководни структури и во АНБ и во Агенцијата за разузнавање вршеле злоупотреби на позициите и дека, како што изјави, со право се исплашени за тоа што ќе следи во наредниот период.

Но, премиерот не одговори на неколку клучни прашања – кои се причините за смената на Милошевски и дали за именувањето на Христовски има согласност од клучните сојузници на земјава која веќе 4 години е дел од НАТО. Засега, молк и од влијателните амбасади во Скопје, вклучувајќи ја и американската.

Именувањето нов директор на АНБ доаѓа во чувствителен период – од една страна се случувањата во регионот и пошироко, војната во Украина, конфликтот на Блискиот Исток, а од друга се најавите на владата за реформа на разузнавачкиот сектор со спојување на АНБ со Агенцијата за разузнавање, нешто што стои во владината програма.

XS
SM
MD
LG