Линкови за пристапност

Продолжија борбите во Судан по тридневниот прекин на огнот


Според Обединетите нации, повеќе од 2,5 милиони луѓе ги напуштиле своите домови
Според Обединетите нации, повеќе од 2,5 милиони луѓе ги напуштиле своите домови

Тешките судири продолжија меѓу војската на Судан и Силите за брза поддршка во и околу суданскиот главен град Картум, по истекот на 72-часовниот прекин на огнот.

Како што истече тридневното примирје рано денес, звуците на пукотници и артилерија можеа да се слушнат во Картум и неговиот збратимен град Омдурман, што предизвика обновен страв меѓу цивилите.

Жителот на Картум, Амар Хасан, изјави дека слушнал истрели околу Одделот за воено инженерство, зграда контролирана од армијата што Силите за брза поддршка неколку пати се обиделе да ја преземат без успех.

Хасан рече дека жестоки конфронтации избувнале утрово на југот на Омдурман - конкретно околу одделот за инженерство.

Суданската армија и Силите за брза поддршка се борат повеќе од два месеца, нанесувајќи му уништување на главниот град, предизвикувајќи големо насилство во Картум, а исто така и во западниот регион Дарфур.

Според Обединетите нации, повеќе од 2,5 милиони луѓе ги напуштиле своите домови.

Тридневниот прекин на огнот донесе ретко затишје во борбите, а жителите на Картум и Омдурман можеа да ги напуштат своите домови и да најдат храна.

XS
SM
MD
LG