Линкови за пристапност

Продолжен притворот на осомничените за убиствата на Ѓорчевска и Жежовски


Вања Ѓорчевска беше грабната во влезот од зградата на 27 ноември и според исказите на осомничените, два часа подоцна со истрел од пиштол е убиена
Вања Ѓорчевска беше грабната во влезот од зградата на 27 ноември и според исказите на осомничените, два часа подоцна со истрел од пиштол е убиена

Кривичниот суд им го продолжи притворот на петмината осомничени за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски за нови 30 дена.

Станува збор за Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој е осомничен за помагање при грабнување, Стефан Димковски кој со својот автомобил го возеше осомниченито за убиствата Љупчо Палевски, од Србија преку Бугарија во Турција и Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се осомничени за грабнување и помагање на убиство.

Турското обвинителство во меѓувреме му одреди нов притвор на Палевски за кого веќе е побарана екстрадиција но постапката ќе трае најмалку неколку месеци пред тој да биде испорачан.

Вања Ѓорчевска беше грабната во влезот од зградата на 27 ноември и според исказите на осомничените, два часа подоцна со истрел од пиштол е убиена. Нејзиното тело беше пронајдено на 3 декември во атарот на селото Бразда.

Осомничени за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
Осомничени за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

На ова му претходеше и грабнувањето и убиството на велешанецот Панче на 22 ноември. Неговиот автомобил „ситроен“ осомничените го користат при грабнувањето на Вања.

Палевски побегна на 30 ноември, еден ден пред апсењето на сочесниците во злосторот. Два дена престојуваше во Белград од каде на 2 декември, Димковски сонеговито џип „Ланд Ровер“ го носи преку Бугарија во Турција. На 5 декември Палевски, по распишана меѓународна потерница, е уапсен од турските власти во градот Баликесир.

XS
SM
MD
LG