Блокбастер-филмот „Барби“ надмина 1 милијарда долари во продажба на билети ширум светот од неговото деби на 21 јули, објави во неделата Ворнер Брос.
Во соопштението, Ворнер Брос рече дека филмот заработил 459 милиони долари од домашните кина - сметајќи ги САД и Канада - и уште 572,1 милиони долари во странство откако се појави во кината, за вкупно 1,0315 милијарди долари. Бројката беше потврдена од фирмата за медиумска анализа Комскор.
Номинираната за Оскар, писателката и режисерка на „Барби“, Грета Гервиг, исто така, стана првата жена-режисер што ја надмина реперот од милијарда долари како соло режисер, соопшти Ворнер Брос.
Ова беше трет викенд во кината за „Барби“. Филмот привлече 127 милиони долари ширум светот овој викенд со 53 милиони долари домашни приходи и уште 74 милиони долари во странство, според Комскор.
Извор: Ројтерс