Линкови за пристапност

20 проценти од надворешниот долг на Северна Македонија е кон Кина, кажа сведок на сослушување во Конгресот на САД


Далибор Рохач од „Американ Ентeрпрајс Институт“ рече дека тоа треба да ги загрижува и локалните политички елити и креаторите на политиката во Вашингтон
Далибор Рохач од „Американ Ентeрпрајс Институт“ рече дека тоа треба да ги загрижува и локалните политички елити и креаторите на политиката во Вашингтон

Дваесет проценти од надворешниот долг на Северна Македонија е кон Кина, рече Далибор Рохач од „Американ Ентeрпрајс Институт“, на сослушувањето за кинеското влијание во Централна и Источна Европа во Поткомитетот за Европа на Претставничкиот дом на САД.

40% од надворешниот долг на Црна Гора, пак, е кон Кина, нагласи тој.

„НАТО членките Црна Гора и Северна Македонија, пак, забележаа кинески инвестиции во нивната патна инфраструктура, железница и енергетскиот сектор“, изјави Рохач, додавајќи дека тоа треба да ги загрижува и локалните политички елити и креаторите на политиката во Вашингтон.

Кина во просек инвестирала околу една милијарда долари годишно во Западен Балкан од 2011 година, според информациите од Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом.

Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Црна Гора и Србија, официјално се приклучија на Кинеската иницијатива „Појас и пат“. Сите тие, исто така, се членки на рамката 17+1 (сега 14+1), платформа иницирана од Пекинг, наменета за проширување на економската и дипломатската соработка меѓу Пекинг и Централна и Источна Европа.

Според Рохач, САД не треба да се плашат да реагираат кај сојузниците кои одложуваат да донесат одлука, или „како Унгарија, активно го поттикнуваат кинеското влијание“.

Влијанието на Кина на Балканот и во Централна Европа ја одразува нејзината амбиција за поделба и ослабување на континентот, рече Питер Рау од Институтот Хадсон.

„Претседателот на Србија Александар Вучиќ зборува за „железно“ пријателство со Шји, додека унгарскиот премиер Виктор Орбан ја опишува НР Кина како „еден од столбовите“ на мултиполарниот свет“.

Според сведоците на сослушувањето, Кина значително ја надградила својата стратегија за ангажирање со европските земји - од релативно бенигно присуство кон понаметлив и стратешки играч.

На пример, Србија, како најголема земја и традиционален центар на гравитација на Западен Балкан, ја прифати Кина како клучен партнер во развојот на инфраструктурата, кажа Ивана Караскова од Асоцијацијата за за меѓународни работи со седиште во Прага, Чешка.

„Пекинг инвестираше во дипломатски и економски врски со Европската Унија (ЕУ), промовирање на соработка, технолошка размена и трговија. Сепак, оваа перцепција драстично се промени во текот на последната деценија. Од неговото доаѓање на власт, Шји Џјинпинг иницираше значајни домашни идеолошки реформи насочени кон зајакнување на партиската контрола и зајакнување социјалистички идеали. Овие реформи, чиј приоритет е лојалноста кон Кинеската комунистичка партија и кои го нагласуваат национализмот, дополнително ги комплицираа односите на Кина со Западот, продонесувајќи за сè понаметлива и авторитарна внатрешна и надворешна политика“.

Тројцата сведоци потенцираа дека предизвикот на Кина фрла сè поголема сенка врз Европа и врз трансатлантското партнерство, особено среде целосната инвазија на Русија на Украина и партнерството „без ограничувања“ меѓу Москва и Пекинг.

Демократскиот конгресмен од Масачусетс Бил Китинг, на пред почетокот на сослушуваизјави дека и покрај географската положба, Кина претставува закана за евроспката безбедност.

„Немам сомнеж дека САД и Европа мора да бидат обединети против каква било малигна агресија и инвестиција од Кина, каде и да се појави“.

XS
SM
MD
LG