Линкови за пристапност

Бар назначи специјален советник во истрагата за Русија, кој нема да може да биде отпуштен лесно


Истрагата ќе биде повеќе фокусирана на однесувањето на агентите на ФБИ, изјави главниот правобранител за Асошиетед прес

Главниот правобранител Вилијам Бар му даде дополнителна заштита на обвинителот што тој го назначи да го истражува потеклото на истрагата Трамп-Русија, објави Асошиетед прес.

Тој му даде овластување на специјален советник за да ја заврши неговата работа, без да биде лесно отпуштен.

Бар, за Асошиетед прес, изјави дека во октомври го назначил Џон Дурам за специјален советник, согласно истиот федерален статут, според кој специјалниот осветник Роберт Мулер ја водел оригиналната истрага за Русија.

Тој рече дека истрагата на Дурам е фокусирана повеќе на однесувањето на агентите на Федералното истражно биро (ФБИ), кои работеле на обвинувњата за соработка меѓу тимот на Трамп и Русите во претседателската кампања во 2016 година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG