Линкови за пристапност

Присуството ќе биде клучен показател: Кои африкански лидери ќе дојдат на самит со Путин во Санкт Петербург?


Russia Ukraine War Africa's Stance
Russia Ukraine War Africa's Stance

Африканските лидери треба да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург на самит кој се смета за зајакнување на соработката во мирот, безбедноста и развојот. Вториот самит Русија-Африка доаѓа додека Москва води војна против Украина. Известува Маријама Диало.

Африканските лидери ќе се упатат во Санкт Петербург на крајот на месецот на самитот Русија-Африка, втор од ваков вид. Настанот ќе се фокусира на унапредување на соработката во областите како што се развојот, безбедноста и мирот, дури и кога Москва продолжува во својата агресија против Украина.

Меѓународните самити вклучуваат елемент на политички театар, велат аналитичарите, а африканското присуство ќе биде мерка за успех на собирот во Санкт Петербург.

„Мислам дека ќе има многу фокус на тоа кој ќе присуствува – и последен пат во 2019 година, кога светот изгледаше многу поинаку пред инвазијата на Украина од Русија, имаше 43 африкански шефови на држави кои отидоа во Сочи на самитот“, вели Стивен Грузд од Јужноафриканскиот институт за меѓународни односи.

Russian President Vladimir Putin, left, speaks to South African President, Cyril Ramaphosa, during a plenary session at the Russia-Africa summit in the Black Sea resort of Sochi, Russia on Oct. 24, 2019
Russian President Vladimir Putin, left, speaks to South African President, Cyril Ramaphosa, during a plenary session at the Russia-Africa summit in the Black Sea resort of Sochi, Russia on Oct. 24, 2019

Руската инвазија на Украина доведе до повисоки цени на храната и нафтата за многу африкански нации.

“Тие се под голем притисок со она што се случува во Украина и последиците од конфликтот таму во однос на цените на стоките, особено за Африканците - но и сè што се случува со Вагнер и така натаму - така што ова е можност Русија да се обиде да го зацврсти своето место и на глобалната сцена”, смета Мвемба Дизолеле од Центарот за стратешки и меѓународни студии.

И трговијата најверојатно ќе биде главна тема на разговор.

“Мислам дека ќе се зборува за трговија. Трговијата на Русија со Африка е навистина занемарлива. Кина и ЕУ се далеку поголеми трговски партнери со Африка“, додава Грузд.

Русија, исто така, бара да ги заобиколи санкциите наметнати од САД и нивните сојузници.

Ниту една африканска земја не воведе санкции кон Русија, и затоа таа е профитабилен пазар за неа. Сличен модел видовме по инвазијата на Грузија во 2008 година
Стивен Грузд, Јужноафрикански центар за меѓународни односи

“Ниту една африканска земја не воведе санкции кон Русија, и затоа таа е профитабилен пазар за неа. Сличен модел видовме по инвазијата на Грузија во 2008 година и првата инвазија на Украина во 2014 година, бидејќи западните пазари беа затворени за бизнисот со Русија, тие бараа пазари на други места и се разбира Африка, Латинска Америка, Азија беа области каде што навистина се обидоа да се прошират”, укажува Грузд.

Генералното собрание на ОН во февруари усвои резолуција со која се бара Русија да ја прекине војната и да ја напушти украинската територија. Додека 141 земја гласаа за, две африкански земји гласаа против, а 15 беа воздржани.

“Русија имаше корист од тоа во смисла дека им покажа дека имаат некои пријатели. Тоа е едноставно будење на африканскиот дел. Тие особено испраќаат порака до остатокот од светот дека имаме и свои надворешни политики, а тие го одразуваат нашиот национален интерес“, смета Дизолеле.

Дизолеле, сепак, додава дека оптиката на една земја која ги повикува лидерите на цел континент ги поткопува напорите на Африка да се наметне на глобалната сцена.

XS
SM
MD
LG