Војската на САД во понеделникот соопшти дека во „несреќа со хеликоптер“ во североисточна Сирија биле повредени 22 војници.
Централната команда на САД во соопштение рече дека нема пријавено непријателски оган и дека причината за инцидентот е под истрага.
Се вели дека 10 од повредените биле однесени на лекување во установи за повисока нега надвор од регионот надгледуван од Централната команда на САД, кој се протега од Египет до Казахстан.
САД имаат околу 900 војници во Сирија како дел од мисијата за советување и помош на партнерите во борбата против групата Исламска држава.
Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес