Линкови за пристапност

Опоиди пронајдени во куќата на Принс


Според истражните органи пејачот ненамерно испил апчиња кои содржат фентанил

Неколку од апчињата пронајдени во куќата на Принс по неговата смрт, биле фалсификувани и содржеле фентанил – синтетички опиоид кој е 50 пати појак од хероинот, велат извори од истрагата.

Според изворите, околу дваесетина вакви апчиња биле пронајдени во кутија со апчиња против болка, во паркот Пејсли, Минесота, каде живееше Принс.

Резултатите од обдукцијата покажаа дека пејачот на 21-ви април починал како резултат на ненамерно предозирање со фентанил. Изворите велат дека Принс тежел само 51 килограм кога починал и во неговиот организам било пронајдено огромно количество на фентанил, што секого би усмртил.

Според изворот, пејачот немал лекарски рецепт за фентанилот.

Новите сознанија беа објавени во саботата од страна на “Star Tribune”.

Полицијата се` уште нема одговор како 57-годишниот пејач ја зел дрогата, но претпоставуваат дека тој го испил апчето без да знае дека содржи фентанил.

Иако истрагата е далеку од завршена, сепак инспекторите кои работат на овој случај сметаат дека можно е Принс да бил жртва на она што некои го нарекуваат фалсификување на апчиња.

XS
SM
MD
LG