Линкови за пристапност

Илхан Омар меѓу победниците на примарните конгресните избори во САД


Конгресменката Илхан Омар победи на конгресните примарни демократски избори во Минесота.

Гласачите во петтиот конгресен дистрикт ја поддржаа Омар со околу 58 отсто од гласовите, во споредба со нејзиниот противник Антон Мелтон, кој освои 39 отсто од гласовите на граѓаните.

Во друга трка на примарни избори во Минесота, победи републиканката Мишел Фишбеч, која ќе се соочи со демократскиот конгресмен Колин Петерсон.

На републиканските примарни избори во сојузната држава Џорџија, пак, гласачите во 14. конгресен дистрикт ја избраа активистката за права на граѓаните да поседуваат оружје Марџори Грин.

Претседателот Трамп ѝ ја честита победата, нарекувајќи ја вистински победник.

Примарни избори се одржаа и во други сојузни држави.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG