Линкови за пристапност

Прајс падна заради скапите патувања


Извинувањето не можеше да го спаси Секретарот за здравство, кој најмувал чартер летови за бизнис патувања кога можел да лета на поевтини комерцијални

Секретарот за здравство во кабинетот на претседателот Доналд Трамп, во петокот попладне даде оставка на функцијата, откако неговите патување на скапи чартер-летови покренаа истраги и го разлутија неговиот шеф.

Парцијалното покривање на тие трошоци и јавното изразување на жалење, не можеше да му ја спаси работата на Том Прајс.

Претседателот ја прифатил оставката и таа стапува на сила на полноќ. На негово место е поставен вршител на должност, Дон Рајт, досегашен заменик-помошник секретар за здравство и директор на Канцеларијата за превенција од болести и промоција на здравјето.

Прајс беше на функцијата помалку од осум месеци.

Трамп кажа дека “не е среќен“ со Прајс што најмувал приватни чартери со пари на даночните обврзници за официјални патувања, кога поевтини комерцијални летови би можеле да ја послужат за иста цел.

Злоупотребата од страна на Прајс фрли сенка врз агендата на Трамп и поттикна испитување на патувањата на други членови на кабинетот. Комисијата за надзор и владина реформа pri Претставничкиот дом покрена широка истрага на врвните именувани политички лица.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG