Линкови за пристапност

Медлин Олбрајт: Граѓаните се клучни во борбата против тероризмот


Медлин Олбрајт: Граѓаните се клучни во борбата против тероризмот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:40 0:00

Поранешната државна секретарка на САД Медлин Олбрајт смета дека најдобра заштита од екстремизам е народ што ќе биде мотивиран да се бори против ова зло

Ова е лицето на тероризмот. 11 септември 2001, Њујорк...

Но, седумте оркестрирани напади во Шри Ланка неделава покажуваат дека тероризмот е далеку од минато.

Всушност, 18 години по нападите во САД бројот на терористички напади во светот е повеќекратно зголемен. Ова беше констатирано на презентацијата на новиот извештај за превенција од тероризам на американскиот Институт за мир.

„Кога го подготвуваме извештајот за 11 септември имавме две насоки од Конгресот: Како можеше ова да се случи, и тоа во САД? Откривме дека имаше грешки. Следно беше да подготвивме механизам што ќе спречи такво нешто да се повтори“, вели гувернерот Том Кејн, кој е копретседавач на работната работа за екстремизам во кревките држави.

Луѓето мора да се мотивираат да работат на решавање на својот проблем. Тоа да не им биде наложено од друг, туку да сфатат дека се дел од решението
Медлин Олбрајт, поранешна државна секретарка на САД

Работната група од Институтот за мир на САД задолжена од Конгресот работи на изготвување на стратегија за превенција на тероризмот во т.н. кревки држави - земји каде поради недоволно демократија екстремистичката идеологија полесно се шири.

Учесниците во презентацијата на извештајот во Вашингтон беа согласни дека ослабувањето на Исламската држава во Ирак и Сирија отвора поголеми можности за фокус на превенцијата.

„Чувството на неправда, незадоволството кај граѓаните кои не чувствуваат дека државата се грижи за нив, кога општествениот договор е прекршен - тоа е дефиниција за кревкост. Научивме дека колку што земјата е покревка поголема е веројатноста за конфликти, како граѓанска војна, имиграции и инциденти на насилен екстремизам. Терористичката организација Исламска држава мутира и се вовлекува во овие кревки региони“, вели претседателката на Институтот за мир на САД, Ненси Линдборг.

Главната порака на учесниците на панел дискусијата во Инстутот за мир е дека со добро владеење може да се даде посилен отпор на вирусот на екстремизам. Учеството на граѓаните во овие напори е клучно, вели поранешната државна секретарка на САД Медлин Олбрајт.

„Клучно е доброто управување со државата. Надворешните советници може да помогнат, но главните напори треба да дојдат однатре. Луѓето мора да се мотивираат да работат на решавање на својот проблем. Тоа да не им биде наложено од друг, туку да сфатат дека се дел од решението“, вели поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт, која е актуелна претседателка на групата Олбрајт Стоунбриџ.

Тероризмот не е проблем само на една држава, туку е современ предизвик со кој се соочува човештвото. Државите треба да се борат против тероризмот и идеологијата на екстремизмот и од внатре и од надвор. Потребна е широка меѓународна соработка која бара посветеност и од владините институции и од граѓанскиот сектор, нагласуваат од Институтот за мир на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG