Линкови за пристапност

Претставник на папата ќе разговара со Бајден за репатријација на украинските деца


Претседателот Џо Бајден утре ќе се сретне со претставникот за мир на папата Фрањо како дел од мировните и хуманитарните иницијативи на папата за Украина, соопштија во понеделникот Белата куќа и Ватикан.

Посетата на кардиналот на Вашингтон, која ќе трае до среда, следи по неговата неодамнешна мисија во Москва и претходната станица во Киев, каде што се состана со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер потврди дека Бајден ќе се сретне со кардиналот за да „разговараат за широко распространетите страдања предизвикани од бруталната војна на Русија во Украина.“

Во изјавата, таа рече дека тие исто така „ќе разговараат за напорите на САД и Ватикан за обезбедување хуманитарна помош за погодените, како и за фокусот на Ватикан на репатријација на украинските деца насилно депортирани од руски официјални лица“.

XS
SM
MD
LG