Линкови за пристапност

Претставничкиот дом ќе гласа за планот за помош на Израел од 14,3 милијарди долари


Републиканците го претставија нацрт-законот во понеделникот, и покрај барањето на претседателот Џо Бајден за широк пакет од 106 милијарди долари кој ќе вклучува финансирање за Израел, Тајван и Украина, како и хуманитарна помош
Републиканците го претставија нацрт-законот во понеделникот, и покрај барањето на претседателот Џо Бајден за широк пакет од 106 милијарди долари кој ќе вклучува финансирање за Израел, Тајван и Украина, како и хуманитарна помош

Претставничкиот дом на САД планира денес да гласа за планот на републиканците да обезбеди помош од 14,3 милијарди долари за Израел со намалување на финансирањето на Службата за внатрешни приходи, предизвикувајќи спор со Сенатот, под контрола на демократите, и Белата куќа.

Републиканците го претставија нацрт-законот во понеделникот под лидерство на спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, и покрај барањето на претседателот Џо Бајден за широк пакет од 106 милијарди долари кој ќе вклучува финансирање за Израел, Тајван и Украина, како и хуманитарна помош.

Републиканците имаат мнозинство од 221 спрема 212 во Претставничкиот дом, но колегите на Бајден, демократите, го контролираат Сенатот со 51 спрема 49.

За да стане закон, законот треба да помине и во Претставничкиот дом и во Сенатот, и да биде потпишан од Бајден.

Највисокиот демократ во Сенатот, Чак Шумер, рече дека републиканскиот закон нема да успее во Сенатот, дури и ако го помине Претставничкиот дом.

Демократите се спротивставија на намалувањето на парите за Службата за внатрешни приходи, велејќи дека тоа ќе го зголеми буџетскиот дефицит на земјата со намалување на наплатата на даноците.

Тие, исто така, рекоа дека е од суштинско значење да продолжи да се поддржува Украина додека се бори против руската инвазија која започна во февруари 2022 година.

Додека демократите и многу републиканци сè уште силно ја поддржуваат Украина, помала, но гласна група републиканци се сомневаат во испраќањето повеќе пари до владата во Киев во време на големи буџетски дефицити.

Конгресот одобри 113 милијарди долари за Украина од почетокот на инвазијата.

Непартиската канцеларија за буџет на Конгресот вчера соопшти дека кратењата во Службата за внатрешни приходи и израелската помош во самостојниот закон ќе додадат речиси 30 милијарди долари на буџетскиот дефицит на САД, кој моментално се проценува на 1,7 трилиони долари.

XS
SM
MD
LG