Линкови за пристапност

Претседателот на Иран: Ќе возвратиме жестоко на секоја акција против нашите интереси


Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси (десно).
Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси (десно).

Иран ќе одговори на секоја акција против неговите интереси, изјави иранскиот претседател Ебрахим Раиси, според иранската студентска новинска агенција, еден ден откако Израел предупреди дека ќе одговори на нападот на Техеран со беспилотни летала и ракети во текот на викендот.

„Категорично наведуваме дека дури и најмалата акција против иранските интереси сигурно ќе наиде на сериозен, широк и болен одговор против секој сторител“, му рече Раиси на катарскиот емир шеик Тамим бин Хамад ал Тани.

Началникот на израелскиот воен штаб, Херзи Халеви, во понеделникот рече дека иранскиот напад врз Израел - како одмазда за бомбардирањето на иранската амбасада во Дамаск на 1 април - бара одговор.

Иранскиот заменик-министер за надворешни работи Али Багери Кани изјави за државната телевизија во понеделникот вечерта дека контраофанзивата на Техеран по секоја израелска одмазда ќе биде „прашање на секунди бидејќи Иран нема да чека уште 12 дена за да одговори“.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG