Линкови за пристапност

Слободата на печатот во САД


Војната на Обама против протекувањето на информации им отежнува на новинарите да си ја вршат работата, вели нов извештај

Агресивното постапување по протекувањата на доверливи информации од страна на администрацијата на Обама, и нејзините напори за контролирање на информациите стануваат закана за слободата на печатот и за демократијата, според Комисијата за заштита на новинарите.

Извештајот објавен во четврток од организацијата што ги следи медиумите со седиште во Њујорк, вели дека акциите на претседателот Обама се во силна контрадикција со неговото ветување за транспарентност и отворена влада.

Поранешниот извршен директор на Вашингтон пост, Леонард Дауни, кој е автор на извештајот, кажа дека „претставници на администрацијата и вработени се` повеќе се плашат да зборуваат со новинарите „заради засилено испитување на протекувањата“.

Тој кажа дека шестмина владини работници и двајца договорни работници во владата биле цел на гонење според Актот за шпионажа од 1917 по обвиненија дека протекле класифицирани информации во печатот. Дауни кажа дека тоа било сурово употребување на овој закон, претходно употребен само во три случаи за девет децении“.

Претставници на Белата куќа интервјуирани за извештајот силно се противеле на портретирањето дека се против слободата на печатот.

Извршниот директор на организацијата, Џоел Сајмон, кажа дека групата решила да ја истражува слободата на печатот во САД бидејќи „новинарите ни кажаа дека односите со администрацијата се влошиле до точка на тешкотија за нивно вршење на работата“.

Дауни додаде дека борбата на администрацијата на Обама „против протекувањата и други напори за контрола на информациите се најагресивни“ што ги видел од Никсоновата администрација и истрагата на Вашингтон пост во случајот Вотергејт.

Тој кажа дека таквата политика е исто така штетна за американските напори за промоција на слободата на печатот и демократијата во светот.
XS
SM
MD
LG