Група за медумите со седиште во САД вели дека слободата на печатот во 2009 опаднала во целиот свет, и дека тоа е тренд осма година по ред.
Во извештај објавен во четврток, Фридом Хаус вели дека забележителни уназадувања се случиле на Блискиот исток, во суб-сахарска Африка и во Јужна Америка.
Според извештајот владите во Кина, Русија и Венецуела „систематски ја ограничувале“ слободата на Интернет и на новите медиуми. Имено, биле употребувани софистицирани техники за цензурирање и блокирање на приод до информации, како и за следење на активноста на граѓаните.
Групата со седиште во Вашингтон кажа дека Русија останала меѓу „најрепресивните и најопасни средини за работа на новинарите“.
Десетте најлоши држави во однос на слободата на печатот се Белорусија, Бурма, Куба, Екваторска Гвинеја, Еритреа, Иран, Либија, Северна Кореја, Туркменистан и Узбекистан. Групата вели дека независни медиуми во овие држави не постојат или едвај се во можност да оперираат.
Група за медумите со седиште во САД вели дека слободата на печатот во 2009 опаднала во целиот свет, и дека тоа е тренд осма година по ред