Линкови за пристапност

Следен чекор се избори и надминување на коронакризата, рече Заев, поздравувајќи го Договорот од Преспа


На денешен ден во 2018 беше потпишан историскиот Преспански договор
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:07 0:00

Во Преспа денеска се одбележа двегодишнината од потпишувањето на документот, со кој се стави крај на спорот за името со Грција

На денешен ден во 2018-тата беше потпишан историскиот Преспански договор. Две години подоцна земјата е дел од НАТО и на чекор од почеток на преговори за членство со ЕУ.

Во Преспа денеска се одбележа двегодишнината од потпишувањето на документот со кој се стави крај на спорот за името.

„Преку меѓународно афирмиран процес ги обезбедивме трајните гаранции за македонскиот јазик, идентитет и членство во НАТО“, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски.

„Историјата се пишува со храбри одлуки. Историјата се пишува со компромиси достоинствени и прифатливи за сите страни. Кога сите мислеа дека нема излез, беа преземени чекори што не извлекоа од минатото и безизлезот, и ни ги вратија перспективите за нашите аспирации за членство во НАТО и ЕУ, во нивната полна и сосема извесна реалност. Со договорот од Преспа, од тотална изолација на меѓународната сцена, направивме пресвртница и ја вративме Северна Македонија на агендата за проширување на Европската Унија и добивме членство во НАТО“, рече Спасовски.

Неговиот претходник, во чиј мандат се постигна Договорот со Грција, објави статус на социјалните мрежи велејќи дека вредело.


„Наша одговорност беше да го решиме отвореното прашање кое ја загрозува иднината на нашата држава. Ја презедовме одговорноста, го решивме спорот, постигнавме Договор со Грција. Како резултат на тоа, денес имаме горди граѓани и држава која е на вистинскиот пат. Сега треба да го направиме следниот чекор. Да организираме избори, да избереме парламент и влада, кои ќе го задржат исправниот курс, како и да ја надминеме корона кризата“, рече Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Потписникот на Договорот од грчка страна, поранешниот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас, на Твитер објави фотографија со министерот за надворешни работи Никола Димитров, со порака дека се на вистинската страна на историјата.

„Од затвор, историјата ја претворивме во училиште на иднината“, напиша Коѕијас.

Неговата порака ја сподели Димитров додавајќи „дека докажале дека чудата се можни“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG