Линкови за пристапност

Ден на претседателите на САД - големи попусти во продавниците


Официјално, овој празник е познат како роденден на Вашингтон

Денес е Ден на претседателите на САД - федерален празник кој се слави од 1879-та година, и кој официјално е познат како роденден на Вашингтон.

Се одбележува третиот понеделник во февруари, во чест на Џорџ Вашингтон, првиот претседател на САД.

Со текот на времето прославата била променета и бил приклучен и 12-ти февруари, роденден на 16-тиот претседател на САД Абрахам Линколн.

Линколн никогаш нема добиено официјален федерален празник во негова чест, иако многу сојузни држави имаат прогласено ден за негово одбележување.

Освен со навраќање кон историјата, овој ден се одбележува и со големи попусти во продавниците, а милиони работници и ученици во САД денес имаат слободен ден.

Во 1968-та година, Конгресот усвои закон, со кој прославата на неколку федерални празници беше поместена во понеделник, со цел да им се овозможи на граѓаните тридневен викенд наместо еден ден слободен на датумот кој може да се случи во кој било ден од неделата.

Оттука, роденден на Вашингтон стана третиот понеделник, секој февруари, кога е и празник на сите претседатели на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG