Линкови за пристапност

Ден на претседателите во САД


Ден на претседателите во САД
Ден на претседателите во САД

Федералниот празник е востановен во 1968, и се празнува на третиот понеделник во февруари во чест на раѓањето на првиот американски претседател Џорџ Вашингтон.

Aмериканците денес го слават Денот на претседателите, во чест на двајца најпочитувани национални лидери.

Федералниот празник е востановен во 1968, и се празнува на третиот понеделник во февруари во чест на раѓањето на првиот американски претседател Џорџ Вашингтон.

16-от претседател Абрахам Линколн исто така бил роден во февруари и Американците празникот генерално го сметаат за почест на двајцата.

Владата и училиштата на овој ден се затворени.

Роденденот на Вашингтон на 22 февруари се славел долго пред да стане федерален празник. Првото официјално одбележување на денот датира од 1885.

Американците во многу сојузни држави исто така го славеле 12 февруари, роденденот на Линколн, по атентатот врз него само неколку дена по крајот на граѓанската војна во 1865.

XS
SM
MD
LG