Демократските претседателски кандидати, на вчерашната дебата во Лос Анџелес, го оправдаа отповикувањето на претседателот на САД Доналд Трамп во Претставничкиот дом, велејќи дека тој е најкорумпираниот лидер во историјата на државата.
„Треба да го вратиме интегритетот на претседателската функција“, рече поранешниот потпретседател Џо Бајден, кој е на врвот на анкетите за демократска номинација на изборите 2020.
Бајден коментираше за политичката поделеност во државата меѓу демократите и републиканците, нагласувајќи дека одбива да ја прифати идејата оти државата никогаш повеќе нема да може да се обедини.
Сенаторот од Вермонт Берни Сандерс, кој е веднаш зад Бајден во многу анкети, го нарече Трамп патолошки лажливец, кој ја продал работничката класа во државата.
Сенаторката од Масачусетс Елизабет Ворен, пак, го опиша Трамп како најкорумпиран претседател на векот, додека сенаторката од Минесота Ејми Клобучар рече дека Трамп не е крал на Америка.
Градоначалникот од Индијана Пит Бутиџеџ, пак, нагласи дека Трамп нема да застане пред ништо што ќе го спречи да остане на власт.
Најголем дел од нападите на кандидатите беа насочени кон претседателот, а помалку меѓусебе.
Facebook Forum