Линкови за пристапност

Нема официјална инаугуративна монета за Трамп


Нема официјална инаугуративна монета за Трамп
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Џим Ворлик, сопственик на продавница за сувенири кај Белата куќа, вели дека ова се случува првпат по инаугурацијата на претседателот Франлкин Рузвелт

Инаугуративната прослава за новоизбраниот претседател Доналд Трамп помина без традиционалните претседателски монети, кои датираат уште од времето на првиот претседател Џорџ Вашингтон.

Џим Ворлик, сопственик на продавницата за сувенири кај Белата куќа, вели дека првпат, од времето на претседателот Франлкин Рузвелт, не е изработена официјална инаугуративна монета, која со години е најбарана за претседателските паради.

„Колку што сме информирани, се` уште ја нема, а не ја знаеме причината за тоа. Компанијата во Конектикат, која со години ја произведува, обично не` контактира први, за да види дали сакаме да ја продаваме. Многу е жално што тоа не се случи овојпат. Инаку, првите инаугуративните монети во времето на Томас Џеферсон им биле дадени на племињата на домородните Американци за збратимување, и тие имаат огромно значање за Америка“, вели Ворлик.

Но, нивното место на полиците го пополнуваат копии, изработени од други приватни компании. Тие прават сопствени колекции, без инструкции за дизјан од Владината инаугуративна комисија.

„Јас продавам сувенири за инаугурација со години, а првата инаугурација кога продвав вакви монети беше на Роналд Реган во 1980-та. Најголема продажба имаше за Обама во 2009-та, кога не` посетија 1,8 милиони луѓе. Оваа инаугурација е слична како онаа на Џорџ Буш“, се сеќава тој.

Цената на оригиналните монети се движела од 50 до 1.000 долари, додека сегашните сувенири се продаваат за околу 20 долари. Ворлик вели дека вредноста на монетите расте од година в година.

Нивна замена годинава, вели тој, се црвените капи „Да ја направиме Америка повторно голема“, а нив наскоро ќе ги има и со руски натпис.

„Ќе биде интересно. Ќе видиме која повеќе ќе се продава“, се пошегува Ворлик.

Купувачите, пак, се забавуваат со сувенирите - чешел за Трамп, очила и перики. Еве што велат некои од посетителите:

„Јас сакам да купувам магнети и маици“, вели една муштерика, а друга додаде:

„Маица за внуката и инаугуративна маица за мене. Мора да имаме нешто со ликот на Трамп“.

Ворлик вели дека освен монетите, во продавницата недостасуваат и сувенири со идната прва дама Меланија Трамп, која за разлика од претходните први дами, ја има само на еден божиќен сувенир.

Се` уште интересен е и претседателот Барак Обама, со колекција за неговото наследство, која Волрик вели, се продава повеќе од сувенирите на Трамп и на Хилари Клинтон заедно.

XS
SM
MD
LG